Explore
i
Home / Македонски (Macedonian)

Македонски (Macedonian)

Информации на македонски

Општината Бримбенк ви нуди низа услуги.

Притиснете го копчето 'play' подолу за да слушнете како можеме да ви помогнеме.
00:00 / 00:00

Како да ја контактирате Општината Бримбенк на македонски

За да нè контактирате на македонски, јавете се на TIS National Interpreting Service на 131 450. Кога ќе одговорат на вашиот повик, ве молиме кажете го вашиот јазик на англиски и побарајте да разговарате со Brimbank City Council на 9249 4000.

Цената е иста како за локален телефонски разговор.

Кои информации ви требаат денес?

Рециклирање, ѓубре и собирање отпад

Кантите за ѓубре со црвен или зелен капак се празнат секоја недела.

Кантите за рециклирање со жолт капак се празнат секоја втора недела.

Ако сте нарачале канта за зелен отпад со светло зелен капак, таа се празни секоја втора недела.

Канта за зелен отпад може да нарачате ако нè контактирате.

Исто така може да нарачате бесплатно собирање на цврст отпад од вашиот дом еднаш годишно.

00:00 / 00:00

Ако дома имате општинска канта за зелен отпад, сега може во неа да ставате остатоци од неготвена и зготвена храна, вклучително овошје, зеленчук, месо, морска храна, коски, нудли, ориз, лушпи од јајца, леб, млечни производи, талог од кафе и ливчиња чај, почнувајќи од 1 јули 2022.
 
Повеќето работи кои може да ги одгледувате во градина или да ги јадете, сега може да се ставаат во кантата за зелен отпад.
 
Во зелената канта не ставајте пластика или пластични кеси, капсули од кафе, вреќички од чај, хартија, пелени или животински измет.
 
За ставањето остатоци од храна во вашата зелена канта нема дополнително плаќање и нема промени кога зелената канта се собира.

Назад на почеток на страницата

Библиотеки

Во Бримбанк има пет библиотеки - Дир Парк, Килор, Сент Албанс, Саншајн и Сиднам. Сите библиотеки во Бримбенк се затворени на државни празници.

Членувањето во библиотека е бесплатно за сите членови на заедницата.

Во сите библиотеки има Wi-Fi и компјутери за бесплатно користење.

Имаме книги, списанија и други материјали на англиски и македонски јазик. Може да ги позајмите за читање дома или во библиотеката.

Може да се зачлените во библиотека преку интернет или јавете ни се за помош.

Назад на почеток на страницата

Општински придонес (Rates)

Сите сопственици на имот во Австралија плаќаат општински придонес (rates) на нивната локална општина за давањето важни услуги на заедницата како што се локалните улици, библиотеки, спортски терени, паркови и игралишта, и собирање и рециклирање на отпад.

Датум за плаќање на општинскиот придонес е на почетокот на секоја финансиска година или секои три месеци на:

  • 30 септември

  • 30 ноември

  • 28 февруари

  • 31 мај

Ако не можете да го платите вашиот општински придонес до одредениот датум, ве молиме јавете ни се за да направиме погоден аранжман за плаќање или може да пополните образец за тешка ситуација (Hardship Application form).

Овој формулар е за лицата кои плаќаат општински даноци и кои имаат финансиски проблеми заради кои поднесуваат молба за одложување  или писмено откажување на сегашните наплати на камата или организирање на на флексибилни исплати.

Ако сакате да не контактирате на македонски јазик, јавете се во TIS National Interpreting Service на 131 450. Кога ќе ви одговорат, кажете на англиски кој јазик го зборувате.  Повикот е по иста цена како за локален телефонски повик.

Назад на почеток на страницата

Регистрација на домашни миленици - кучиња и мачки

На сите кучиња и мачки во Бримбанк постари од 3 месеци мора да им биде вграден микрочип, да бидат стерилизирани (desexed) и регистрирани во Општината. Регистрацијата на домашни миленици е законски задолжителна.

За да го регистрирате вашиот домашен миленик првпат, ќе ви треба:

  • Копија на потврдата за стерилизација на вашиот домашен миленик

  • Бројот на микрочипот на вашиот домашен миленик.

Регистрацијата на домашен миленик мора да биде платена до 10 април секоја година. Секоја година ќе ви праќаме писмо за да ви јавиме кога треба да го платите обновувањето на регистрацијата.

За да го регистрирате вашето куче или мачка, ве молиме јавете ни се.

Назад на почеток на страницата

Neighbourhood houses и центри во заедницата

Во нашите центри на заедницата, neighbourhood houses и уметнички центри организираме разни програми во кои може да учествувате бесплатно или по ниски цени.

Имаме класови за сите возрасти, степени и способности, вклучително:

  • Уметност, ракотворби и книги

  • Готвење

  • Компјутери и технологија

  • Семејни активности

  • Здравје и физичка кондиција

  • Работа, деловни способности и финансии

  • Јазик, подучување и образование

  • Музика и танцување

  • Општествени активности и игри

  • Одржливо живеење

За повеќе информации или за регистрирање, ве молиме јавете ни се.

Назад на почеток на страницата

Служби за семејства и мали деца

Здравје на мајката и детето

Нашите регистрирани медицински сестри даваат информации и совети за негата и здравјето на вашето дете. Оваа услуга е за деца од раѓање до училишна возраст, бесплатно.

Програма за имунизација на деца

Нашата програма за имунизација на деца ја спроведуваат регистрирани медицински сестри. Сесии за имунизација се одржуваат редовно на локации ширум Бримбенк.

Ако вашето дете било вакцинирано во странство, може да побарате разгледување на неговата историја на имунизација за да обезбедите дека ги исполнува австралиските услови. 

Историја на имунизација и програма за надоместување (‘catch up program’) може да побарате од вашиот доктор (GP) или преку Општината со закажување.

Групи за играње и групи за играње со поддршка

Група за играње е неформална сесија на која мајки, татковци, баби, дедовци, негуватели, деца и бебиња се среќаваат во релаксирана средина. За да најдете група за играње што ви одговара вам и на вашето дете, ве молиме јавете ни се.

Запишување во детска градинка

Сите деца во Викторија може да престојуваат 15 часа во детска градинка секоја недела во годината пред поаѓање во училиште - кога полнат четири години пред 30 април во годината на престој.

Вашето дете може да го запишете во детска градинка на оваа интернет страница. Ако ви треба помош за регистрирање на вашето дете, ве молиме јавете ни се.

Назад на почеток на страницата

Служби за млади

Brimbank Youth Services работи со млади на возраст од 10 до 25 години кои живеат, работат, учат, студираат или се дружат во Бримбенк за да ги поддржат да учествуваат во активности за образование, здравје и добросостојба, рекреација и вработување.

За повеќе информации, ве молиме јавете ни се.

Назад на почеток на страницата

Услуги за постари лица

Ние даваме услуги на поддршка за да им помогнеме на постарите лица да останат активни во заедницата и помош да одржат самостојно живеење преку испорачани оброци, домашно одржување и услуги на домашна нега.

За повеќе информации, ве молиме јавете ни се.

Регистер на заедницата Бримбенк

Ако живеете во Бримбенк, постари сте од 50 години или имате попреченост, може да се запишете во регистерот на заедницата Бримбенк (Brimbank Community Register) за да добивате редовни телефонски повици заради проверка дали сте добро, и карта за идентификација во случај на несреќа.

Запишувањето е бесплатно, а услугата е во доверба и безбедна.

За повеќе информации, јавете ни се.

Назад на почеток на страницата

Уметнички и културни програми

Нудиме разновидни уметнички и културни програми во нашите центри на заедницата и уметничките центри, neighbourhood houses и во театарот Бовери во Сент Албанс.

Повеќе информации може да се најдат на интернет страницата Креативен Бримбенк или ве молиме јавете ни се.

Назад на почеток на страницата

Паркови, игралишта, пешачки и велосипедски патеки

Нашите паркови, игралишта и пешачки и велосипедски патеки се отворени за сите да уживаат.

Во голем број наши паркови има јавни скари, справи за вежбање и тоалети.

Повеќе информации може да најдете на оваа интернет страница.

Назад на почеток на страницата

Центри за разонода, спортски и рекреативни објекти

Зачленете се во Sunshine Leisure Centre или во Brimbank Aquatic and Wellness Centre (ќе се отвори во 2022) за да имате пристап на пливачки базени, групни фитнес часови и теретана.

Можете да играте кошарка, нетбол или одбојка во Keilor Basketball Netball Stadium.

Општината исто така обезбедува спортски терени и објекти за користење од локалните спортски клубови во општинското подрачје. Нови членови се добредојдени.

За да дознаете повеќе, ве молиме јавете ни се.

Назад на почеток на страницата

Дозволи за планирање и градење

Ако сакате да извршите поделба (sub-divide) на вашиот имот, или да изградите, проширите или урнете градба, може да ви треба дозвола за планирање или градежна дозвола.

За повеќе информации, ве молиме јавете ни се.

Назад на почеток на страницата

Улици, тротоари (footpaths), зелени површини и дрвја

Општината е надлежна за сите улици, тротоари, зелени површини и дрвја во Бримбенк.

Ако видите некој проблем на улица, тротоар, зелена површина или со дрвја, ве молиме јавете ни така што ќе нè контактирате.

Назад на почеток на страницата

Brimbank City Council respectfully acknowledges and recognises Wurundjeri and Bunurong Peoples as the Traditional Custodian of this land and pays respect to their Elders, past , present and future.

Copyright © Brimbank City Council